Обучувачка работилница Иновации, креативност и бизнис во управувањето со опасниот отпад

Во петокот на 09.11.2018 година во просториите на Бизнис академијата Смилевски од Битола се одржа обучувачка работилница на тема “Иновации, креативност и бизнис во управувањето со опасниот отпад.

Работилницата ја водеше гостинот од Суботица, Република Србија, проф. Денеш Тот. Неговото интересно предавање беше во насока на управување со различните типови батерии како опасен загадувач на животната средина во секојдневното живеење.

Учесниците на работилницата селектираа батерии според повеќе параметри: големина, напон, полнење и слично. 

Нашето училиште учествуваше со тројца професори и шест ученици.

На сите учесници на работилницата, академијата додели сертификати за учество.