Наградените заслужуваат афирмација…Браво Евгенија!!!

Минатата недела во нашето училиште присуствуваше екипа на Сител телевизија која направи интервју со ученичката Евгенија Дивитарова, менторот Билјанка Христовска, класниот раководител Лидија Стефановска и в.д. директорот Владимир Роме.

Повод за интервјуто е наградата за најмлад иноватор во Република Македонија која Евгенија ја доби на годинешниот натпревар МАКИНОВА 2018 за иновацијата CNC машина со ласерски гравер. Наградата ја доделува Агенцијата за интелектуална сопственост „БЕРИН“.

Им честитаме на Евгенија и нејзиниот ментор проф. Билјанка Христовска и им посакуваме многу успех во иднина!

Во продолжение е видео прилогот преземен од ТВ Сител.