АКТИВНОСТИ ВО РАМКИ НА ЕКО-ПРОЕКТОТ

Од учебната 2011/2012 год. СОТУ „Ѓорѓи Наумов “ – Битола се вклучи во програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ што ја спроведува здружението на граѓани ОХО, Швајцарската агенција за развој  и Министерството за образование и наука на Р.Македонија.
За реализација на Програмата направен е првиот чекор, формиран е еко-одбор во кој покрај учениците како најбројни, членуваат и професори, родители, претставници од локалната бизнис заедница, невладиниот сектор и медиумите. Претседател на еко-одборот е проф. Цана Наумовска, а кординатор проф. Кети Паскова.