Проект „Препознај семејно насилство и делувај“

Денес во нашето училиште се одржа работилница како активност од проектот „Препознај семејно насилство и делувај“. Работилницата ја реализира Здружението за еднакви можности „СЕМПЕР“ во соработка со Општина Битола и Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените.

Целта на работилницата е поголема информираност на средношколците за проблемот со семејното насилство и рано препознавање на истото.

„СЕМПЕР“ е активна граѓанска организација од 2002 година која во изминатиот период има реализирано бројни активности на полето на превенција од трговија со луѓе и семејно насилство.