Соработка со ОСТУ „Гостивар“

Во петокот на 26.10.2018 година нашето училиште го посетија раководните лица од општинското средно техничко училиште „Гостивар“ од Гостивар. Целта на нивната возвратна посета беше договор за потпишување на меморандум за соработка кој за кусо време ќе се реализира. Гостите беа запознати со просторните и материјалните ресурси на нашето училиште и заедно направивме куса обиколка на истите.

Воедно, нашите гости пројавија интерес за посета на локалните компании од доменот електротехника и машинство, па во таа насока реализиравме посета на Кромберг и Шуберт и ФОД Битола. Во овие две компании, тие се запознаа со производствените капацитети и можностите за вработување кои се нудат на пазарот на труд. Истовремено се информираа за реализирање на посета со ученици од нивното училиште.

Училиштето има мултиетнички карактер и во иднина е планирана соработка во различни училишни и воннаставни активности, како и заедничко аплицирање на проекти од интеграцијата на мултиетничкото образование.