Ученичката Евгенија Дивитарова доби награда за најмлад иноватор во Македонија

На годинешниот натпревар за иновација МАКИНОВА 2018 кој се одржа од 24-27 Октомври 2018 во Скопје, нашата ученичка Евгенија Дивитарова од III5 клас доби награда за најмлад иноватор.

Таа самостојно конструира CNC машина за гравирање со ласер и успешно се претстави пред комисијата за иновации и пред голем број посетители и учесници. 

   

Евгенија и минатите неколку години беше многу активна на полето на иновациите, но сега го постигна вистинскиот успех фрлајќи им ја ракавицата на припадниците на појакиот пол.

Ваквите ученици треба да се поддржуваат на секој чекор во своите остварувања бидејќи тие се тие кои во иднина ќе го движат општеството.

Се гордееме со теве Евгенија…

БРАВО!!!