Предавање на тема безбедност и заштита при работа

Денес во нашето училиште се одржа предавање на тема “Безбедност и заштита при работа”. Предавањето го реализираа претставници од компанијата Кромберг и Шуберт кои со едукативен видео материјал ги запознаа нашите ученици со разни примери за правилно и неправилно користење на заштитна опрема на работното место. Целта е учениците да ја согледаат потребата од почитување на безбедносните правила при работа во реални компании, а кои задолжително треба да ги применуваат при реализација на часовите по практична настава.