Проект “Тема за дилема”

Ученици од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ денес присуствуваа на работилница во рамки на проектот ТЕМА ЗА ДИЛЕМА кој го спроведува здружението ГАНИМЕД од Битола. Овој проект е во рамки на проектот Критинк на Метаморфозис и Евротинк (critink.mk). Проектот е финансиран од Европска Унија. Целта на проектот е медиумско описменување на средношколците преку развој на критичната мисла. Дечки, Ви благодариме на креативноста и на конструктивната дебата. 🙂 Среќни сме што Ве имаме во општеството ;).