Донација на дидактичка опрема од Логинг Електроникс

Денес во нашето училиште присуствуваше делегација од компанијата Логинг Електроникс од Скопје. Целта на посетата беше донирање на дидактичка опрема за новиот кабинет за микроконтролери и микрокомпјутери.

Донацијата се состои од повеќе Ардуино развојни микропроцесорски системи кои значително ќе ја осовременат наставата по стручните предмети за образовните профили Електротехничар за електроника и телекомуникации и Електротехничар за компјутерска техника и автоматика. Со оваа донација нашето училиште ќе биде во чекор со современите технолошки трендови што сигурно уште повеќе ќе ги заинтригира младите генерации да го одберат стручното образование како своја иднина.

Логинг Електроникс е компанија која ги препознава барањата на современата настава и сесрдно помага во образовниот развој на средношколците и студентите.

Им изразуваме огромна благодарност за донираната опрема и ветуваме дека ќе ги оправдаме нивните очекувања. Нашата соработка продолжува!