Меморандум за соработка помеѓу Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Битола и СОТУ „Ѓорѓи Наумов“

Денес во просториите на нашето училиште беше потпишан меморандум за соработка помеѓу нашето училиште и општинската организација на Црвениот крст на Република Македонија. Меморандумот опфаќа регулирање на взаемните односи во областа на здравствено превентивни активности, крводарителство, прва помош, подготвеност и одговор при катастрофи и дисеминација на Црвениот крст и Меѓународното хуманитарно право, имајќи ги во предвид потребите на заедницата, а пред се ранливите категории на граѓани.

Двете страни се ангажираат да ги реализираат следните заеднички иницијативи:

– Воспоставување на постојан линк на своите веб страници и на сите други погодни начини размена на информации за спроведените или планираните активности од заеднички интерес

– По потреба, организирање на заеднички работни групи за реализација на одредени конкретни активности

– Организирање на други соодветни начини за заедничка работа за остварување на заеднички цели.