Донација на спортски реквизити за средните училишта од Битола

Секое средно училиште во Битола доби спорски реквизити во висина од по 10 илјади денари од страна на општина Битола.  Целта е да се поттикне спортскиот дух и градење на здрави навики кај младите.

На овој начин е овозможено збогатување на нагледните средства во училиштата.

Општина Битола обезбеди по 10 000 денари за секое средно училиште, исклучиво за намена на спортски реквизити и овозможување на јакнење на спортскиот дух кај младата популација. 

Оваа донација е од големо значење бидејќи со овие спортски реквизити ќе им се овозможи на учениците поефикасна подготовка на екипите за претстојните натпревари во сите спортски дисциплини.