Проект „ТЕМА ЗА ДИЛЕМА“
Во рамките на потпишаниот меморандум за соработка помеѓу нашето училиште и здружението Ганимед од Битола следуваат и заеднички активности за реализирање на проектот „ТЕМА ЗА ДИЛЕМА“.
Проектот ТЕМА ЗА ДИЛЕМА го спроведува Здружение Ганимед – Битола со медиумскиот партнер ТВ21 во рамки на проектот КРИТИНК „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“ кој го реализираат МЕТАМОРФОЗИС и ЕВРОТИНК, а е финансиран од Европска Комисија.
Целта на проектот е промовирање на медиумската писменост преку стимулирање на критичко размислување, плурализам на мислења и демократски вредности.
Реализацијата на проектот треба да придонесе за:
- Поттикнување на култура на критичко размислување преку едукација на средношколците за штетните ефекти на медиумските манипулации врз демократијата и европските вредности кон кои се стреми нашето општество.
- Пошироко медиумско описменување на средношколците надвор од формалното образование.
- Воспоставување на одбележување на Неделата на медиумска писменост 5-9 ноември во средните училишта секоја година.
- Зголемување на капацитетот на здружението и на медиумот вклучен во проектот за справување со медиумски манипулации преку подобрувањето на медиумската писменост во соработка со средните училишта.
Во рамки на проектот се вклучени 7 средни училишта од Битола и тоа:
- СОУГ Јосип Броз – Тито
- СОУ Таки Даскало
- СМОУ Д-р. Јован Калаузи
- СОЕУ Јане Сандански
- СОТУ Ѓорѓи Наумов
- СОЗУ Кузман Шапкарев
- ПСУ САБА Битола
Активности и временска рамка на проектот