Меморандум за соработка со Здружението ГАНИМЕД од Битола

Денес во просториите на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола беше потпишан меморандум за соработка помеѓу нашето училиште и Здружението за развој на граѓанско и цивилно општество ГАНИМЕД од Битола. Меморандумот го потпишаа в.д.директорот Владимир Роме и претседателот на здружението Гоце Стојановски, наш доскорешен колега.

Меморандумот содржи повеќе активности со кои ќе се остварува соработката: организирање на работилници, состаноци за дефинирање на потребите на младите луѓе во текот на образовниот процес, активности на учениците за збогатување на нивното знаење надвор од наставата, вклучување на наши средношколци во активности за подобрување на граѓанското општество и слично.

Нека е аирлија!

?