Проект „Без толеранција за алкохол и дрога“

Во четвртокот на 20.09.2018 година во нашето училиште се одржа едукативно предавање против консумирање на алкохол и дрога.

Предавањето го реализираа вработени во Одделот за превенција при МВР Битола, а во склоп на проектот „Без толеранција за алкохол и дрога“. Овој проект МВР Битола го реализира заедно со средните и основните училишта во градот, како и повеќе невладини организации. Целта е младите луѓе благовремено да ги осознаат последиците од овие пороци на современото живеење кои за жал не го заобиколија ниту нашиот град.