Macedonia manufacturing expo 2018…

Денес,18.09.2018 година во хотелот Александар палас во Скопје се одржа панел дискусија на тема”Дуалното стручно образование во РМ”. Организатор на целокупниот настан е Делегацијата на германското стопанство во РМ во соработка со МОН, Maкедонската aсоцијација на метална и електро индустрија – МАМЕИ, ЕВН и УСАИД.

На настанот присуствуваа в.д.директорот Владимир Роме и помошник директорот Тони Панов.

Учесниците во панел дискусијата го објаснија имплементирањето на новиот образовен профил Техничар за индустриска мехатроника во двете пилот училишта “Киро Спанџов – Брко” од Кавадарци и “Св. Наум Охридски” од Охрид. Имено, ученици од овој образовен профил изведуваат практична настава во две реални компании: Дрекслмаер и Костал.

Сите тие искажаа позитивни зборови и мислења за спроведувањето на дуалното стручно образование.
Во таа насока, нашето училиште ќе тежнее да реализира дуално образование со компанијата Кромберг и Шуберт.