Потпишан Меморандум за соработка со АД ЕЛЕМ и РЕК Битола

На 27.08.2018 година во просториите на РЕК Битола се одржа работна средба на која в.д. директорот на нашето училиште Владимир Роме потпиша меморандум за соработка со челните луѓе на АД ЕЛЕМ и РЕК Битола, Драган Миновски и Васко Ковачевски. Меморандуми потпишаа и претставниците на СОУ Таки Даскало, Техничкиот факултет во Битола и ФИКТ.

Соработката ќе се сосотои во обезбедување на идентични услови за одвивање на практичната настава во рамките на Комбинатот, како за средношколците, така и за студентите.

Исто така се очекува дека ваквиот меморандумо ќе овозможи поттикнување на младите луѓе да ги проучуваат техничките науки и во иднина да бидат носечки столб на работата во АД ЕЛЕМ и РЕК Битола. Од страна на нивните челни луѓе е дадена гаранција дека сесрдно ќе го помагаат средното техничко образование и ќе им подадат рака за помош и усовршување на учениците и студентите.

Нека е со среќа…