Направете го вистинскиот избор! Конкурс за упис во учебната 2018/2019 година

Во понеделник на 18.06.2018 година започнува првиот уписен рок во средното образование. Вратите на нашето училиште ќе бидат отворени во 7.00 часот.

Образовните профили кои ги нудиме можете да ги видите на следниот линк: КОНКУРС

Во продолжение се дадени условите и потребните документи по конкурсот за упис во прва година:

I. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
• да имаат завршено основно образование
• да не се постари од 17 години
• да се определиле за план и програма за стручно образование
• да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој КОНКУРС

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
• пријава за запишување (се подигнува во училиштето и истата е бесплатна);
• оригинални свидетелства од VI до IX одделение
• извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

III. КОНКУРСНИ РОКОВИ
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во два уписни рока, јунски и августовски, со две пријавувања во јунскиот и едно пријавување во августовскиот рок, доколку има слободни места
1. Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот рок се врши: на 18 и 19 јуни 2018 година, од 07:00 – 15:00 часот,
• Резултатите од запишувањето на учениците ќе се објават на на 20 јуни 2018 година
2. Второто пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок, доколку има слободни места, ќе се врши на 28 јуни 2018 година, а резултатите од запишувањето и слободните места, доколку ги има, ќе се објават на 29 јуни 2018 година.
3. Пријавувањето на учениците во августовскиот уписен рок доколку во училиштето сеуште има слободни места, ќе се врши на 23 август 2018 година, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 24 август 2018 година.
4. Доколку во училиштето во двата уписни рока не се потполнат утврдените ученички места за запишување, уписот ќе продолжи до 31 август 2018 година.
Против одлуката за упис учениците и нивните родители (старатели), во рок од 24 часа од соопштувањето на резултатите, можат да поднесат приговор до Училишниот комисија, која по приговорот решава во рок од 24 часа од приемот на приговорот.
Решението по приговорот е конечно.

IV. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИ
• среден успех на ученикот од VI-IX одделение,
• среден успех на ученикот постигнат по четири предмети: (мајчин јазик, странски јазик – како задолжителни и два предмети што се од значење за струката – математика и физика,
• дипломи од освоени (I, II и III) место од меѓународни и републички натпревари (од мајчин јазик, странски јазик, наставни предмети што се од значење за струката (математика и физика), природни науки (биологија, хемија, географија),
• средна вредност од поени добиени од поведение.

1. За средниот успех од VI-IX одделение, ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо , осмо и деветто одделение се собира, се дели со четири и истиот број се множи со коефициентот 10).

2. За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети: Двата наставни предмети задолжително за сите видови на образование и два предмети што се значајни за струката – подрачјето, ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).
3. За освоено место од меѓународни и републички натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од републицчки натпревари 3 поени за I место, 2 поени за II место, и 1 поен за III место. На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.
4. За средна вредност од поените за поведение од VI-IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени : примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение со 3 поен и незадоволително поведение со 0 поени.
Средната вредност е збир од поените за поведението од VI, VII, VIII и IX одделение, поделено со 4).
• Ученикот по сите критериуми утврдени во овој конкурс може да освои најмногу најмногу 80 поени.
• За учениците кои деветто одделение го завршиле во Република Македонија, а едно, две или три одделенија (шесто, седмо или осмо) завршиле во странство, з за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.

V. ИЗБОР И ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
1. Изборот и запишувањето на учениците се врши, врз основа на ранг листа изготвена според вкупниот број поени што се пресметуваат одделно за секој кандидат.
2. Вкупниот број поени се утврдува според критериумите за избор на учениците.
3. Учениците кои ја повторувале годината се запишуваат без рангирање ако се пријават во првиот уписен рок.

НАПОМЕНА
• Пријавувањето да се врши лично од ученикот или родителот (старателот).
• Некомплетни документи нема да се примаат.

Срдечно добредојде за сите деветтооделенци!

Ве очекуваме!