Награда на „Предизвик за млади истражувачи“

Во саботата на 09.06.2018 година во Владата на Република Македонија се одржа свеченото доделување на наградите на 20 најуспешни училишта кои учествуваа на натпреварот „Предизвик на млади истражувачи“. Настанот беше во организација на Фондот за иновации и технолошки развој, а натпреварот се одвиваше во повеќе фази почнувајќи од 30.11.2017 година, па се до финалното презентирање на идеите кое се одржа на 18.05.2018 година. Тежината на самиот натпревар се гледа во фактот што на натпреварот во почетната фаза беа пријавени околу 100 училишта.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев им посака топло добредојде на присутните ученици, ментори, наставници и присутни гости и заедно со министрите за образование и здравство, Арбер Адеми и Венко Филипче и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, им доделија вредносни ваучери на најуспешните истражувачки проекти.

Она што нас како училиште најмногу не израдува е успехот на нашата екипа која предводена од менторот Илче Ацевски освои ваучер во вредност од 250000 денари. Oваа награда е потполно заслужена и е само круна на годинешните успеси што овие ученици со својот труд го имаа на претходните државни натпревари.

Наиле Емини III6, Мартин Ристевски III6, Кристијан Ристовски III6, Антонио Цветковски III6, Мелих Кранли III2, Петар Илиевски II1 и Александар Петровски III4 е составот на екипата која ги заслужи сите пофалби.

Браво дечки…браво менторе!