Саем на средните училишта од Битола

Вчера на 29.05.2018 година на плоштадот Магнолија се одржа првиот саем на средните училишта од градот Битола. Саемот беше со цел запознавање на деветтооделенците со образовните профили кои ги нудат средните училишта. Ова е нов начин на презентација на училиштата и треба да претставува замена за досегашниот начин со кој тимови од средните училишта ги посетуваа основците или пак тие доаѓаа на отворените денови.

Атмосферата беше супер, сите сакаа да се претстават во најдобро светло.

На саемот со свој штанд се претстави и нашето училиште промовирајќи ги образовните профили од електротехничката и машинската струка. Беа изложени трудови на ученици кои добија врвни награди оваа учебна година, како и голем број макети, нагледни средства и рекламен материјал.

Штандовите ги посети и градоначалничката на град Битола м-р Наташа Петровска, давајќи свој придонес и поддршка на ваквата иницијатива.

 

 

Во продолжение следува веста која е преземена од Телевизија тера