Практична настава на терен…

Во периодот од 29.03 до 30.04.2018 година, учениците од втора, трета и четврта година од образовниот профил Електротехничар енергетичар реализираа часови по практична настава на терен.

Имено, тие со својот предметен професор Ацо Илиевски посетија неколку индустриски капацитети чија работа е поврзана со областа електроенергетика: компанијата Кромберг и Шуберт, ФОД Новаци, РЕК Битола, разводната постројка 110kV/10kV – Битола 4 и ХЕЦ Сапунчица.

Целта на тие посети е продлабочување на знаењата и согледување на работата во реални услови со кои идните енергетичари ќе треба да се соочат.

На претходно споменатите субјекти им изразуваме благодарност што ги примија нашите ученици и што ги презентираа своите производствени можности. Се надеваме дека нашата соработка ќе продолжи и во иднина.