Потврда на успехот на нашите млади истражувачи…

Во петокот на 18.05.2018 година наши ученици уште еднаш го потврдија овогодинешниот успех со трудови под менторство на професорот Илче Ацевски. Тие во ист ден учествуваа на два натпревари во Скопје.

Првиот во органзиација на Junior Achievement кој се одржа во холот на трговскиот центар Jumbo Verо, каде се претставија со својата ученичка компанија 3D Tech која изработува предмети од пластика со самостојно изработен 3Д принтер. Нашите ученици се натпреваруваа со уште десет други ученички компании и привлекоа големо внимание на оценувачката комисија и посетителите на нивниот штанд. Доказ за тоа се и продадените производи направени на лице место.

Вториот натпревар беше во организација на фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за образование и наука и се одвиваше во просториите на Кинотека на Република Македонија. На овој натпревар нашите ученици презентираа иновативен проект на тема 3Д технологиите, предизвик за денешницата неопходност за иднината која жири комисијата го пофали и го оцени со четири 10-ки и три 9-ки. Останува да ги чекаме резултатите кои ќе бидат објавени на 9-ти Јуни. Дотогаш ги стискаме палциме за среќа!