Меморандум за соработка помеѓу ДОО Логинг електроникс – Скопје и СОТУ Ѓорѓи Наумов – Битола

Денес во просториите на ДОО Логинг електроникс –Скопје беше потпишан меморандум за соработка помеѓу оваа компанија и СОТУ Ѓорѓи Наумов – Битола. Меморандумот го потпишаа г-дин Златко Крстевски, генерален менаџер на Логинг електроникс и в.д. директорот на СОТУ Ѓорѓи Наумов, г-дин Владимир Роме.

Меморандумот опфаќа соработка во повеќе области поврзани со едукација на учениците од нашето училиште и донирање на современи наставни средства и помагала од страна на компанијата.

Целта е да се обезбедат услови за поквалитетна настава со современа технолошка опрема со која учениците ќе можат поуспешно да ги совладуваат наставните содржини, но и како ентузијасти да се вклучуваат во воннаставните активности, проектните задачи и учество на натпревари во функција на струката. Исто така, предвидени се и активности во самата компанија како користење на нејзините просторни и материјални ресурси за реализирање на семинарски задачи, посета на настани на терен, набавка на материјали за реализирање на практичната настава од електротехничка струка , аплицирање во проекти од заеднички интерес и слично.

Сигурни сме дека ќе имаме плодна и континуирана соработка!