Ротари ден за чиста животна средина

Во саботата на 12.05.2018 година во кругот на новиот пазар во Битола се одржа акција за чистење на животната околина, собирање и селектрирање на отпад.

Акцијата беше во организација на Ротари Македонија и се реализира во сите градови на република Македонија каде постојат вакви клубови.

Акцијата наиде на голем одзив, се вклучија бројни ентузијасти, граѓански активисти, а свој придонес дадоа и претставници од нашето училиште, в.д. директорот Владимир Роме, помошниците директори Билјана Маринова и Тони Панов, како и наши ученици. Дополнителен мотив беше и тоа што акцијата се одржа во непосредна близина на нашиот училишен двор и индиректно сме засегнати и ние како училиште.

Целта е развивање на свеста за одржување на здрава и чиста околина и нашето училиште максимално ќе се залага за вклучување на младите и сите останати во вакви и слични активности.