СОТУ Ѓорѓи Наумов на Bitola Mini Maker Faire

Во петокот на 11.05.2018 година во Центарот за култура – Битола се одржа првиот Саем на креативци. саемот е во организација на Амбасадата на САД во Република Македонија и Американското катче во Битола. На него учествуваа 25 креативни организации од различни области и возраст на излагачите.

На штандовите беше особено динамично и интересно. Можеа да се видат различни креативни достигнувања и иновации.

Особено треба да се истакне учеството на креативците од нашето училиште. Тие со своите иновативни трудови со кои ги освоија првите места на повеќе државни натпревари го привлекуваа вниманието на посетителите и со задоволство ги покажуваа своите достигнувања.

Штандовите ги обиколи и амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли кој покажа голем интерес и почит кон трудовите на нашите ученици. Патем, на огромно задоволство одигра неколку партии од видео играта на нашиот ученик Димитар Бежановски чиј штанд беше особено интересен и привлечен за гејмерите.

Се на се, одлична можност за претставување на достигнувањата на младите креативци. Благодарност и до нивните ментори!