Трибина „Штетни последици од пушење“

Во средата на 09.05.2018 година во нашето училиште се одржа трибина на тема „Штетни последици од пушење“. Трибината е реализирана во соработка со Центарот за јавно здравје – Битола, а по повод Светскиот ден против пушењето кој се обележува на 31-ви Мај.

На трибината присуствуваа ученици од прва година. Тие имаа можност да се запознаат со штетните последици од пушењето и да ги согледаат сите аномалии кои овој порок ги предизвикува не само кај активните, туку и кај пасивните пушачи.

Оваа соработка со Центарот за јавно здравје е традиционална и се надеваме ќе продолжи и во иднина.