37-ми Државен натпревар на електротехничките, машинските и сообраќајните средни стручни училиштa

Во петокот на 04.05.2018 година во АСУЦ Боро Петрушевски – Скопје се одржа 37-иот Држевен натпревар на електротехничките, машинските и сообраќајните средни стручни училишта. На натпреварот учествуваа ученици од трета и четврта година од нашето училиште кои се натпреваруваа во образовните профили од електротехничка и машинска струка.
 
Нашите ученици одлично се покажаа на натпреварот и достојно го презентираа нашето училиште за што особен придонес имаат и нивните ментори. Особено треба да се истакне натпреварувањето во трудови каде нашите ученици повторно растурија! Тие освоија две
први и едно второ место и го потврдија претходно постигнатиот успех на натпреварите од Народна техника.
 
Резултатите се следни:
 
Во категоријата трудови нашите ученици го постигнаа следниот успех
– Добивање на 3Д модели од вистински објекти  – прво место
натпреварувачи: Петар Илиевски, Мелих Кранли, Наиле Емини, Јове Ангеловски; ментори Илче Ацевски, Виолета Крстевска
 
– G.E.O.R.G.E научно-фантастична 3Д видео игра – прво место
натпреварувач: Димитар Бежановски, ментор Јани Сервини
 
– 3Д печатар со димензии 375x375x375 – второ место
натпреварувачи: Мартин Ристевски, Кристијан Ристовски, Антонио Цветковски; ментор Илче Ацевски
 
Во натпреварите од теоретскиот дел нашите ученици го постигнаа следниот успех:
– Електротехничар за компјутерска техника и автоматика
натпреварувач: Мартин Трајковски – III место ментори: Илче Ацевски,
Андреја Ралевски, Билјанка Христовска
– Техничар за компјутерско управување
натпреварувач: Мартин Тиловски – III место ментори: Петар Бошковски, Ѓеорги Ташковски, Биљана Канатларовска
– Автотехничар – мехатроничар
натпреварувач: Димитар Наумовски – пофалница ментори Љупчо Здравковски, Томислав Котевски, Гоце Христовски