Массум Образовно рандеву 2018

На 20 април 2018 година на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје се одржа манифестацијата „Образовното рандеву 2018”, проект на Младинската Асоцијација на Средни Стручни Училишта во Македонија-МАССУМ.
Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје беше коорганизатор и домаќин на „Образовното рандеву 2018”.

Манифестацијата свечено ја отвори проректорот за настава на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, проф. д-р Мијалче Ѓоргиевски. Во своето обраќање проректорот истакна дека овој настан е значаен за образованието во Р. Македонија и затоа универзитетот го поддржува како коорганизатор и домаќин на натпреварите на најталентираните креативци од средните стручни училишта.

Свое обраќање имаше и претседателот на Управниот одбор на МАССУМ, г-дин Благојче Ѓорчевски, кој истакна дека „Образовното рандеву 2018” е настан кој на средношколците им дава можност да ги препознаат вредностите на компетитивноста како значаен фактор за избор на идното образование и градење на успешна кариера.

На „Образовното рандеву 2018” учествуваа 43 средни стручни училишта од Р. Македонија кои се натпреваруваа во 18 категории. Покрај натпреварувачкиот тематски дел, средношколците имаа можност да ги претстават своите образовни профили пред академската и деловната заедница, од кои добија информации и препораки за донесување на одлуки за нивното понатамошно образование и кариерен развој. 

На најдобрите во секоја категорија им беа доделени награди и признанија, а сите учесници добија сертификати за учество.

На овогодинешниот натпревар Образовно рандеву 2018  учествуваа и наши ученици во неколку категории и тоа:

  • најдобар постер (Андреј Талевски, ментор Петар Бошковски; Елена Илиеска, ментор Тони Панов; Виктор Сековски, ментор Билјанка Христовска)
  • најдобра веб страна ( Елена Илиеска и Христијан Целкоски, ментори Тони Панов и Билјанка Христовска)
  • најдобра фотографија (Марија Пецакова, ментор Билјанка Христовска; Христијан Ралевски, ментори Цана Наумовска и Андреја Ралевски)
  • најдобар бенд и соло изведувач (Горан Стефановски, ментори Цана Наумовска и Тони Панов)
  • маркетинг план (Марија Митковска, Христијан Спировски, Алекс Којдовски и Виктор Китанов, ментори Цветанка Митревска и Гордана Танеска)
  • најдобра поетска творба (Натали Василевска, ментор Билјана Маринова)

Учениците во категоријата маркетинг план освоија второ место, а веб страната освои четврто место…

Им честитаме на учеството и успехот што го постигнаа во насока на нивна лична афирмација и афирмација на училиштето!