Збратимување на СОТУ Ѓорѓи Наумов – Битола и Mavi Teknik – Измир, Република Турција

Средното општинско техничко училиште „Ѓорги Наумов“ од Битола, ќе се збратими со училиштето „Мави Текник“ од Измир, Турција. Претставници од нашето  училиште, в.д. директорот Владимир Роме и помошник директорот Тони Панов, од 29 април до 3 мај ќе престојуваат во градот Измир, заедно со координаторите на проектот за збратимување на двете училишта Еркан Лама и Семиха Лама од Скопје.

Училиштето е сместено во индустриската зона во Измир и во него се изучуваат повеќе области: технологија на биомедицински уреди, одржување на воздухоплови, автоматизација на процеси во индустријата, компјутерски управувани машини за сликарство и обновливи извори на енергија.

После оваа посета ќе следат посети и на наши наставници и ученици во Измир со цел размена на знаења и искуства, така што очекуваме плодна соработка во областа на науката, техниката и културата на двете земји.

Патувањето е овозможено со сопствени средства на Техничкото училиште и финансиска поддршка од Еуростандард банка А.Д- Скопје. Во таа насока изразуваме огромна благодарност до Еуростандард банка, без чија помош не ќе можеше да се реализира ова патување и збратимување.