Прво место за ученикот Константин Велјановски на CodeCup

Апликацијата „SmartHome“ на ученикот Константин Велјановски од СОТУ Ѓорги Наумов – Битола, под менторство на професорот Јани Сервини е победник на овогодишниот CodeCup кој се одржува на Факултетот за информатички и комуникациски технологии.

Второто место му припадна на играта (Sub)conscious изработена од учениците Давид Талевски и Стефан Бојаџиев од Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола, под менторство на професорката Мирјана Соклевска.

Третото место го освои Викторија Пановска со играта „Escape the Room“, а четвртото Ивана Боцевска со играта „Табланет“, двете од Jahya Kemal College – Струга, под менторсво на професорката Рилинда Хода.

Петтото место му припадна на Гимназија „Мирче Ацев“ од Прилеп, за апликацијата „Морзеова Азбука“, изработена од учениците Симона Тошеска и Михаела Павлеска, под менторство на професорката Анкица Стеваноска Јанческа.

Најдобро рангираните 3 апликации добија и школарини за студирање на ФИКТ, и беа пригодно наградени од Interworks, Seavus и ФИКТ. Сите учесници добија сертификати за успешното учество на натпреварот.

Комисијата имаше навистина тешка задача да ги избере најдобрите проекти. На сите 34 тимови им се заблагодари на учеството, и им честита за одлично сработените проекти. Денес сите уживав во секој момент од дружењето на ФИКТ!

Посебно браво за Коче и неговиот ментор…

Се гледаме на CodeCup 2019!