Извештај oд одржаните натпревари по информатика во учебната 2018/2019 година

Натпреварите по информатика во учебната 2018/2019 година, се организирани од ЗИМ (Здружение на информатичари на Македонија), а спроведени преку системот МЕНДО.

По одржаниот Училишен натпревар по информатика на 28.02.2018 год. понатаму се пласираа учениците Џајков Филип од II година, Китанов Виктор и Кулуковски Дамјан од IV година.

На Регионалниот натпревар кој се одржа на 11.03.2018 во просториите на ПСУ „Јахја Кемал“ – Струга учениците Џајков Филип (ментор проф. Андреја Ралевски) и Кулуковски Дамјан (ментор проф. Благица Богоевска) добија трета награда, а Китанов Виктор (ментор проф. Благица Богоевска) пофалба. Овие ученици се пласираа на Државниот натпревар по информатика.

На XXIX Државен натпревар по информатика кој се одржа во Скопје на 24 март 2018, ученикот Дамјан Кулуковски доби пофалба и награда – бесплатно студирање на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство за сите 4 години студирање во вкупен износ од 800 евра, почнувајќи од академската 2018/2019 година.