Државен натпревар по математика

Во саботата на 17.03.2018 год. на факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје, се одржа Државниот натпревар по математика за средните училишта. На натпреварот учествуваа тројца ученици од нашето училиште и постигнаа забележителен успех. Тоа се учениците Боби Софронијоски I-5 клас (III место, ментор проф. Дајана Трајчевска), Васил Христовски IV-5 клас (пофалница, ментор проф. Роза Петровска) и Ангел Насев II-5 клас (учество, ментор проф. Лидија Стефановска).

Според постигнатиот успех, ученикот Боби Софронијоски се стекна со право на учество на Македонската математичка олимпијада која ќе се одржи на 13.04.2018 год. на Универзитетот ФОН во Скопје.

Му посакуваме многу успех!