Вежба за напуштање на училиштето во случај на опасност

На 20 март 2018 г. во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ беше одржана вежба за евакуација во случај на опасност. Со вежбата беа опфатени сите ученици и вработени и беше изведена во согласност со планот за евакуација на Училиштето. Активностите беа успешно спроведени, а учениците и вработените од двете смени беа евакуирани за помалку од две минути.

Целта на спроведените активности е запознавање со начините на кои треба да се реагира во услови на опасност и подигнување на свеста за навремената и соодветната реакција во вакви или во слични ситуации во насока на избегнување на несаканите последици, повредите и паниката.