Обука за ученички компании

Преку поддршката од УСАИД, минатиот викенд (9-11 март) се одржа обука за 30 наставници од 22 средни училишта од повеќе градови од Македонија, динамична и полна со информации и содржини кои придонесуваат за подобра подготовка на наставниците за разбирање на концептот на претприемничкото образование и неговата употреба во наставата. Целта беше да се поттикнат наставниците да пробаат, да експериментираат и споделат дополнителни методи и техники кои ќе ги користат при предавањето претприемништво или при спроведувањето проекти за претприемничко учење.
Наставниците ментори се еден од клучните елементи на успехот на програмата Ученичка компанија. Од нашето училиште на обуката присуствуваше професорот Илче Ацевски.

За време на обуката, предавачите кои се сертифицирани обучувачи од организација членка на Џуниор Аџивмент, ги упатија наставниците во сите обврски кои ќе следат, како и им укажаа на можностите за вклучување и напредување. Сите материјали кои се користеа во обуката се изданија на Junior Achievement Worldwide и Junior Achievement Europe и беа достапни за учесниците во обуката и во хартиена и дигитална форма.

По завршувањето на обуката, Џуниор Ачивмент Македонија ќе продолжи да ги следи активностите на наставниците, обезбедувајќи дополнителна поддршка преку материјали, креирање на дополнителни содржини (конференции, работилници, онлајн менторство, ученички натпревари итн.). Сите наставници кои ќе ја спроведуваат програмата во нивните училишта можат да продолжат да комуницираат и да ги следат резултатите од работата на организацијата.