Презентација на Kromberg&Schubert

Во вторникот на 13.03.2018 год. во нашето училиште беа гости претставници на компанијата Kromberg&Schubert. За нашите матуранти тие направија презентација на компанијата потенцирајќи ги производствените капацитети, организационата структура и забавниот живот во рамки на компанијата. Гостите – менаџери за човечки ресурси посебен акцент дадоа на можностите и начинот на аплицирање за вработување на различни позиции, што секако е од интерес на учениците по завршувањето на средното образование.