Меѓународен математички натпревар КЕНГУР БЕЗ ГРАНИЦИ-2018

Во рамките на своите активности одобрени од Министерството за образование и наука на Република Македонија, со соодветни акредитации за одржување на натпревари во основното и средното образование, Сојузот на математичари на Македонија ќе го организира Меѓународниот математички натпревар КЕНГУР во 2018 година, кој ќе се одржи на 15.03.2018 година со почеток во 11 часот, и тоа во следниве категории:

  • прва категорија: ученици од 1 одделение од основното образование;
  • втора категорија: ученици 2 и 3 одделение од основното образование;
  • трета категорија: ученици 4 и 5 одделение од основното образование;
  • четврта категорија: ученици 6 и 7 одделение од основното образование;
  • петта категорија: ученици 8 и 9 одделение од основното образование;
  • шеста категорија: ученици 1 и 2 година од средното образование;
  • седма категорија: ученици 3 и 4 година од средното образование.

Од нашето училиште на овој натпревар учествуваат 35 ученици. Им посакуваме успех. Нека победи знаењето!

Одговорен наставник:

Наумовска Цана