Обука за наставници за Форум Театар

         Во периодот од 26-28 февруари 2018 год. во Скопје се одржа обука за наставници за Форум Театар. на обуката беше учесник и нашата професорка по математика Цана Наумовска. Обучувачи беа уметниците Кети Дончевска Илиќ и Горан Илиќ. На почетокот беа разменети искуства од реализираните активности во врска со претходната обука. По воведот во Театар во слики (Image Theatre) беа објаснети принципите на Форум Театар. Презентација на Форум Театар  низ пример од млади актери, студенти, со тема од меѓуетничка интеграција на младите. Потоа следеше правење и создавање на  Форум Театар и џокерирање низ пракса. Претставени беа и дополнителни техники, алатки за олеснување на процесот на водење на  Форум Театар.