СОТУ Ѓорѓи Наумов и M3DS Academy for 3D & Game Design

Во соработка со M3DS Academy for 3D & Game Design и невладината организација iNovum, во саботата на 17.02.2018 год. во нашето училиште беше реализирана првата работилница за 3D моделирање и анимација.

            На работилницата учествуваа наши ученици кои ги направија првите чекори во оваа популарна област, учејќи ги основите на моделирањето во програмата Autodesk Maya. Обучувачите задоволни од соработката и интересирањето на учениците, учениците уште позадоволни што ваков настан се реализира во нивното секојдневно опкружување. Ова е можност тие да го покажат својот талент, да се надградат, да соработуваат, да разменуваат мислења и идеи…

            Работилниците ќе продолжат и следните неколку саботи со поинтензивно темпо, а како резултат учениците ќе добијат солидно знаење за понатамошна самостојна работа.