Вертикал во СОТУ Ѓорѓи Наумов…

Спортско качувачкиот клуб Вертикал од Битола неофицијално постои од 2002 година. Од 2004 година официјално е член на тогашната спортско качувачка асоцијација, а сега федерација на Република Македонија.
Клубот има лиценциран инструктор, поставувач на насоки на природна и вештачка карпа.

Клубот активно организира и учествува на натпревари. 

Моментално има околу 30 активни членови од кој половина од понежниот пол.

Клубот располага со болдер сала и вештачка карпа за водство (која за жал не се користи поради немање слободни термини).

Тренинзите се одвиваат во СОТУ Ѓорги Наумов, од понеделник до петок од 19 до 22 часот.

Термините во вторник и четврток од 18 до 19:30 ч. се наменети за деца од 5 до 10 год.

За време на викендите организираме искачувања на природна карпа во и надвор од нашата држава.

Повеќе инфо за тоа, што е спортско качување, историјат и организација кај нас, на официјалната веб страна на нашата федерација

http://www.climbing.mk/istorija

како и на веб страната на клубот http://www.verticalbitola.com

Повелете, зачленете се и откријте ги тајните на спортското качување…