Училишен натпревар за мултимедијални содржини

Во склоп на работата на секцијата за Компјутерска графика, мултимедиа, дизајн, и фотографија, Училиштето организира натпревар на трудови на учениците од следните категории:

  1. Фотографија со понудени 3 теми:
  • Ученички живот
  • Портрет
  • Слободна тема

Фотографиите можат да бидат сликани со телефон или било кој друг дигитален фотоапарат. Минимална резолуција 5 мегапиксели.

  1. Видео клип во траење од максимум 3 минути со 2 теми:
  • Ученички живот
  • Слободна тема

Видео клиповите можат да бидат направени со мобилен телефон или било која видеокамера во HD резолуција.

  1. Компјутерска графика изработена во соодветен софтвер (фотошоп или друг сличен софтвер) во облик на постер или ликовен облик со слободна тема.
  2. Изработка на апликативен софтвер со тема:
  • Организација на ученички активности
  • Слободна тема

За сите категории ќе биде организирана презентација и изложба, а најдобрите трудови ќе бидат наградени. Трудовите да се испратат до професорите Петар Бошковски или Тони Панов најдоцна до 15.03.2018 год.