Соработка со Општина Битола

               Во периодот  ноември 2017 г. – јануари 2018 г. беше реализирана соработка помеѓу СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ и Општина  Битола.

               Дел од оваа соработка беа учениците од трета и четврта година од образовниот профил  електротехничар-енергетичар. Учениците, во рамките на практичната настава со одговорниот наставник Ацо Илиевски, монтираа новогодишно украсно осветлување, отстрануваа дефекти на истото, а по завршувањето на празничната сезона извршија демонтирање на поставените украсни светлечки тела.

               На овој начин е постигнато одлично поврзување на стручно-теоретските знаења со практиката, што е од голема важност во стекнувањето квалификации во средното стручно образование.