Извештај од Општинскиот натпревар по математика за учениците од средно образование во учебната 2017/2018 год.

            Општинскиот натпревар по математика за учениците од средно образование во учебната 2017/2018 год. се одржа на 27.01.2018 година. Оваа учебна година домаќин на Општинскиот натпревар беше училиштето СОТУ „Ѓорѓи Наумов“- Битола. На натпреварот учествуваа 47 ученици од четири  училишта и тоа: СОУ „Јосип Броз-Тито“, СОУ „Таки Даскало“, СОТУ„Ѓорѓи Наумов“ и СОЕУ „Јане Сандански“. Нашето училиште го претставуваа 23 ученици. На натпреварот се доделија 12 награди и 9 пофалници. Нашите натпреварувачи ги постигнаа следните резултати:

            Мартин Торнески (II година) – III награда, ментор Лидија Стефановска;

            Васил Христовски (IV година) –  III награда, ментор БилјанаСтевановска;

            Тамара Делева (I година) – пофалница, ментор Дајана Трајчевска;

            Атанас Честојанов (I година) – пофалница, ментор Дајана Трајчевска;

            Божидар Ѓоргиевски (II година) – пофалница, ментор Лидија Стефановска;

             Ангел Насев (II година) – пофалница, ментор Лидија Стефановска;

            Филип Џајков  (II година) – пофалница, ментор Лидија Стефановска.

            Како Училиште домаќин реализиравме исклучително убав настан од едукативно-натпреварувачки карактер. Задоволни сме што победи знаењето и што имавме фер натпревар!

            Јавно се заблагодаруваме на Rotary club Bitola Shirok sokak кој го потпомогна одржувањето на натпреварот со своја донација за секој натпреварувач, ментор и член на оценувачка комисија.

               Во контекст на натпреварите по математика, ДОО „ГалеТекни“ – Битола ќе додели награда „Киро Галевски“ за ученици од средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ – Битола, за истакнати резултати на регионалниот и државниот натпревар..

               За освоени награди на регионален натпревар се доделуваат следните награди:

               пофалница 500 денари

               трета награда 1000 денари

               втора награда 1500 денари

               прва награда  2000 денари

               За освоени награди  на државен натпревар се доделуваат следните награди:

               пофалница 1000 денари

               трета награда 2000 денари

               втора награда 3000 денари

               прва награда 4000 денари

               Се наградуваат првите три  најдобро пласирани ученици кои ќе освојат една од горенаведените награди.

               Им пожелуваме многу успех!!!