Иновативен камп 2017

На 15.12.2017 год. СОТУ “Ѓорѓи Наумов” – Битола присуствуваше на “Иновативен камп 2017” во организација на Junior Achievement Macedonia, поддржано од USAID Macedonia и Министерството за образование и наука.
На натпреварот, на кој учествуваа вкупно 28 средни училишта од цела Македонија, нашето училиште го претставуваа учениците Христијан Спировски, Виктор Китанов, Марија Митковска, Марија Пецаковска и Алекс Којдовски. Учениците беа поделени во групи од по 5-6 ученика, но во ниедна група немаше ученици од ист град. Секоја од групите имаше задача да смисли иновативно економично и еколошко решение со кое ќе придонесе за заштеда и други погодности во опшеството. Учениците се дружеа, но истовремено развиваа и претприемнички вештини, работејќи тимски. Со секој од тимовите работеа и им помагаа претставници од бизнис заедницата и ЦСОО.
Целиот настан е замислен како почеток на носење на нов закон за дуално образование, кој е треба да го поврзе образованието со бизнис секторот.

USAID Supported Junior Achievement Macedonia's Innovation Camp

Did you miss Junior Achievement Macedonia's launch on Friday, December 15? We've got you covered. Check out this video on their Innovation Camp at Holiday Inn, Skopje. #USAID25MK

Публикувахте от USAID Macedonia в 16 декември 2017 г.

Leave a Reply

Your email address will not be published.