Државен натпревар „Лидер на струка 2016“

На 09.12.2016 година во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола се одржа Државниот натпревар „Лидер на струка 2016“ во организација на Министерството за образование, Центарот за стручно образование и обука и училиштето – домаќин на натпреварот. На овој натпревар учествуваа вкупно 44 натпреварувачи и повеќе од 50 ментори од 13 средни стручни училишта од Република Македонија. Учениците од завршните класови се натпреваруваа за избор на Лидер во машинска, електротехничка и сообраќајна струка. На натпреварот беа присутни и советниците од Центарот за стручно образование и обука за машинска, електротехничка и сообраќајна струка, претставник од Министерството за образование и наука, како и претставник од Стопанската комора на РМ.

Во свечениот дел од натпреварот свое обраќање имаше директорот на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“, Драган Стојановиќ. Тој има посака срдечно добредојде на сите присутни гости, потенцирајќи го значењето на стручното образование како движечка сила во индустрискиот развој на нашето општество.

Натпреварот овозможи непосреден контакт на ученици, ментори и раководни лица од различни средини и струки, размена на мислења и споделување на искуства од образовното секојдневие. Атмосферата беше пријатна и се чувствуваше натпреварувачкиот дух меѓу учениците.

Учениците се натпреваруваа во две фази: писмен тест и практична задача, соодветни за образовните профили од трите струки. По сумирањето на резултатите од двата дела, Централната комисија на натпреварот „Лидер на струка 2016“ ги објави следните резултати:

Лидер на машинска струка: Горан Димоски, СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола

Лидер на електротехничка струка: Дамјан Хаџибанов, СЕТУГС „Михајло Пупин“ – Скопје

Лидер на сообраќајна струка: Дејан Коцев, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид

Им честитаме на успехот!

DSC02366
DSC02366
DSC02366
DSC02366
DSC02366