Регионален натпревар: Млади претприемачи“

На 27.02.2016 год. во организација на СОТУ„ Ѓорѓи Наумов “ , Битола и Меѓународниот славјански универзитет„ Гаврило Романович Державин , се одржа Регионален натпревар : „ Млади претприемачи“ на кој се натпреваруваа мешовити тимови од средните училишта од Битола, Прилеп, Крушево и Ресен .

Целта на натпреварот беше да се обединат младите претприемачи со една основна цел – да се подобри квалитетот на претприемачкото учење и способноста на учениците за решавање на проблем од областа на претприемаштвото во услови на временски ограничен рок. Ова е одличен начин за да се мотивираат средношколците да ја развиваат самодовербата и амбицијата и да се поттикнат на претприемаштвото по принципот „ учење преку пракса“.
Натпреварот е дел од активностите од Кариерниот центар , преку кој им овозможуваме на учениците да ја користат својата креативност, оргиналност и знаење во деловен контекст.
Месец февруари e „Месец на претприемаштвото“, па така со оваа наша активност учениците имаа можност да ги развијат своите претприемачки компентенции. Нивна задача беше да дадат предлог решение за модел на стипендирање кој според нив би бил најсоодветен за идните студенти.Нивните креативни, иновативни и оргинални идеи , побудија голем интерес кај присутните.

За најдобро решение беше прогласено решението на тимот :

Наталија Трандовска од СОТУ „ Ѓорѓи Наумов“, Битола
Ребека Јовановска од СОУ „ Јосип Б. Тито“ , Битола
Христина Горгиевска од СОУ „ Јане Сандански “ , Битола
Теодора Трајческа од СОУ „ Ристе Ристески – Ричко“ од , Прилеп
Дејан Дамчевски од СОУ „ Таки Даскало“ , Битола,

на кои им беа доделени таблети од Меѓународниот славјански универзитет„ Гаврило Романович Державин“ .
Второнаградениот тим :

Андријан Наумовски од ПСУ „ САБА“, Битола
Васко Гичевски од СОУ „ Таки Даскало“ , Битола,
Владимир Ристевски од СОУ „ Јосип Б. Тито“ , Битола
Андреа Влинтоска од СОТУ „ Ѓорѓи Наумов“, Битола
Андреа Аврамоска од СОУ „ Ристе Ристески – Ричко“ од , Прилеп
е добитник на пет ваучери од „Виола бјути центарот“.

На третонаградениот тим :
Зоран Лазаревски од СОУ „ Цар Самоил“ , Ресен
Лорета Русидовска од СОУ „ Јане Сандански “ , Битола
Рената Крстеска од СОУ „ Наум Наумовски -Борче “ од Крушево
Стефан Талевски од СОЗУ „ Кузман Шапкарев “ , Битола
Бојана Тошевска од СОТУ „ Ѓорѓи Наумов“, Битола
им беа доделeни пет комплети канцелариски материјал од Меѓународниот славјански универзитет„ Гаврило Романович Державин .

За успешното органиозирање на натпреварот допринесоа и :
„ИМБ Млекара, Битола, „Пела Роса“, „TAKE AWAY FOOD “, пекарите: „ КОРА“, „ОМИЛОС“, „ГОРИЦА “ кои ја поддржаа оваа иницијатива , донирајќи дел од своите производи.

DSC02366

DSC02375

DSC02376

DSC02382

DSC02390

DSC02396

DSC02425

DSC02432

DSC02439

DSC02442

DSC02456

DSC02467

DSC02474

DSC02475

DSC02480

DSC02482

DSC02484

DSC02487

DSC02493

DSC02495

DSC02498

DSC02504

DSC02505