Најуспешно средно училиште за 2013 година

Најуспешно средно училиште за 2013 година

Со децении успешно ги прифаќаме предизвиците на иднината!

• Средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ е добитник на наградата за најуспешно средно училиште во општина Битола за 2013 година. Ова, за нас, високо признание беше доделено на традиционалното наградување на најуспешните што се одржа на 28 февруари 2014 година во организација на „Битолски весник“ – најстариот локален печатен медиум во Република Македонија.

• И оваа наша награда е доказ дека во изминативе години функционираме како училиште кое е во чекор со новото време и кое благодарение на брзиот и сестран развој е препознатливо по квалитетниот воспитно-образовен процес што се реализира во него. Со нашите високи воспитно-образовни норми помагаме во оформувањето на млади личности кои ќе бидат оспособени за понатамошното образование и за животот воопшто. Динамиката со која функционираме како воспитно-образовна институција е наш критериум за успех. Нашето училиште со децении е гордо на приматот на квалитетно и препознатливо средно стручно училиште во Република Македонија.

• Средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ повеќе од половина век егзистира како образовна установа во општина Битола. За време на неговото постоење, во него се едуцираат кадри од повеќе образовни профили од машинската и електротехничката струка. Големото искуство во едукацијата и обуката се рефлектира со висококвалитетни стручни кадри кои работат ширум државата, а и надвор од неа. Училиштето поседува најсовремени кабинети и работилници кои ги задоволуваат потребите на 21 век. Наставничкиот кадар и инструкторите поседуваат искуство и знаења на највисоко ниво.

• Средното општинско техничко училиште „Ѓорги Наумов“ е носител на развојот на техничкото образование во државата повеќе од половина век. Учествува во креирањето на техничкото образование во Република Македонија со изработка на наставни планови и програми, воведување нови образовни профили, изработка на наставни материјали, стручна литература и пишување на учебници за средните технички училишта.

• На иницијатива на Средното општинско техничко училиште извршени се реформи во техничкото образование во Република Македонија, со што истото е подигнато на највисоко и најсовремено ниво. Воведени се нови образовни профили, а исто така во постоечките образовни профили се направени реформи при што се задоволени барањата на пазарот на трудот и индустријата.

• Училиштето е вклучено во перманентното обучување на сопствениот наставен кадар, како и на наставниците од другите технички училишта во државата преку обуки и семинари организирани од страна на Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование и обука. Исто така, се обучуваат и дообучуваат кадри од индустријата.

• Покрај редовната настава за редовни ученици, едно од централните места во Средното општинско техничко училиште заземаат обуките, квалификациите и доквалификациите на вонредни ученици и кандидати на кои им е потребно брзо, квалитетно и ефикасно образование во согласност со потребите на пазарот на трудот.

• Како и сите овие години од нашето децениско постоење, и понатаму продолжуваме да работиме во насока на тоа да бидеме препознатливи по успешноста во сите сегменти во кои дејствуваме во нашиот регион и пошироко.

Директор,

Драган Стојановиќ

 

Регионален натпревар по Математика 2014

 

УЧИЛИШЕН ВЕСНИК

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *