50-ти јубилеен државен натпревар на млади истражувачи “Наука на младите”

ТРИ ПРВИ МЕСТА ЗА БИТОЛСКИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ

Битолските средношколци постигнаа успех на 50-от јубилеен државен натпревар на млади истражувачи “Наука на младите” кој се одржа во Скопје. На натпреварот што го организираше Народна техника на Македонија, Битола учествуваше со екипа од 9 натпреварувачи во научни дисциплини од техничките и природните науки.

• I место

Дарко Симоновски , од СОТУ “Ѓорѓи Наумов” во областа електроника и електротехника под менторство на м-р Јани Сервини

Ферди Јајаи, од СОТУ “Ѓорѓи Наумов” во областа информатика-примена на софтвер под менторство на м-р Јани Сервини, и од природните науки

Билјана Велјановска, од СОМУ “Д-р Јован Калаузи” во областа растителна физиологија, под менторство на Татјана Богоевска-Трајковска

• II место

Виктор Здравевски, од СОТУ “Ѓорѓи Наумов” во областа информатика-примена на софтвер под менторство на Илче Ацевски

• III место

Андреј Коруновски, од СОМУ “Д-р Јован Калаузи” во областа аналитичка хемија, под менторство на Јулијана Димитровска


На натпреварот се натпреваруваа и Васко Гичевски од СОУЦ “Таки Даскало” во дисциплината географија, под менторство на Мирјана Планчак, Георгије Фемиќ од СОУЦ “Таки Даскало” во дисциплината математика, под менторство на Благица Богоевска, Невена Тодоровска од СОТУ “Ѓорѓи Наумов” во областа информатика-примена на софтвер под менторство на Илче Ацевски и Бојан Прцуловски од СОТУ “Ѓорѓи Наумов” во областа информатика-програмирање под менторство на д-р Жанета Сервини.

По повод 50-годишниот јубилеј на натпреварите се промовираше книгата и цедето под наслов “Бескомпромисна искра” во која се застапени поранешните натпреварувачи, вработените во Народните техники низ Македонија, волонтерите, членовите на оценувачките комисии и менторите.

извадок од Битолски Весник

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *