СРЕБРО НА INFOMATRIX 2014

На меѓународниот натпревар за Информатичка Технологија кој се одржува во Букурешт – Романија  на  кој учествуваа над 30 земји од сите континенти по втор пат учествуваше и нашето училиште со еден проект. InfoMatrix е организиран од Lumina Educational Institutions-Романија во партнерство со Турција, Мексико, Украина и Хонг Конг. По претходно организирани натпревари во Европа, Азија, Америка, Африка и Австралија на крај во финалето имаше влезено окулу 140 проекти кои се натпреваруваа во 5 области: Краток филм, Компјутерска Уметност, Програмирање, Роботика и Хардвер. Од овие проекти 4 беа од Македонија и настапуваа под име Македонија и тоа 1 проект од СОТУ “Ѓорѓи Наумов” – Битола и 3 од училиштето Јахја Кемал.

Компјутерска Уметност: Inovative Space Sollutions (Здравевски Виктор, ментор Илче Ацевски) освои сребрен медал – СОТУ “Ѓорѓи Наумов” – Битола.

 

Благодарност до спонзорите кои овозможија нашиот ученик да може да се докаже на натпревар од светски рамки како што секако е InfoMatrix, а со тоа да го претставува и нашето училиште, општина Битола и секако Македонија.

Градоначалник на Општина Битола, Туристичка агенција Балојани – Битола, ДОО Стентон Градба – Битола, Гера Ком Софт – Битола и секако најголема благодарност до СОТУ “Ѓорѓи Наумов” – Битола и директорот Драган Стојановиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *