Обединети млади фармацевти

ОБЕДИНЕТИ МЛАДИ ФАРМАЦЕВТИ

 UNITED YOUNG PHARMACISTs

 

     Во периодот од 1-9 Март 2014 година, во хотел Капри , Битола, се одржа младинската размена “European snow city” во организација на Обединети Млади Фармацевти-Скопје, подржана од програмата Млади во акција на Европската Комисија. На настанот учествуваа млади од Шпанија, Литванија, Хрватска, Унгарија, Србија, Турција, Романија и Македонија.

     Од нашето училиште присутни беа ученици од четврта година и тоа: Бакрачевски Никола од IV-4 и Стојчевски Дарко од IV-3 клас.

     Преку овој настан се промовираше активното учество на младите во општествените процеси; учевме за Европското граѓанство; разменивме искуства, култура; научивме за здравите животни навики. Активностите се одвиваа во 9 дена започнувајки со градење на тимскиот дух меѓу учесниците, пропратени со тематкси активности Let’s learn about Europe, My regular day, European citizenship, Euro food, Euro-music, Benefits of healthy lifestyle, во кои како медод на учење се применуваше неформалната едукација. За време на настанот учесниците ја истражуваа и околината на Битола и изградиа Европски снежен град. Дел од активностите ќе вклучуваа и прошетка по националниот парк како и едукација за здрав животен стил и навики. Целта на настанот беше преку овие активности да се инспирираат младите да земат активно учество во општеството и своите идеи да може да ги спроведат во пракса. Истовремено да можат да ги споделат позитивните искуства од дружбата со нивните врсници од Европа. Настанот беше и медиумски покриен од страна на ТВ ТЕРА и ТВ ОРБИС, каде дел од учесниците дадоа изјави за настанот и ги презентираа проектниот филм, брошура и постер. Искрено се надеваме дека оваа младинска активност ќе послужи како инспирација за нови мнладински активности и вклучување на младите во активните општествени процеси.