Регионален натпревар на знаење, вештини и способности

СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола во соработка со Фондацијата Бизнис Старт ап Центар Битола на 28.01.2012г, (сабота), по повод патрониот празник на училиштето организираше Регионален натпревар помеѓу учениците од средните училишта во Пелагонискиот регион за решавање на бизнис студии на случај. Преку овој настан се промовираше претприемништвото и претприемничкото размислување меѓу младите. Ваквата активност е чекор напред за да се мотивираат младите да размислуваат претприемачки и успешно да се соочуваат со предизвиците кои ги носи бизнисот.

Тимови од средните училишта од Битола, Прилеп. Ресен и Крушево се натпреваруваа кој ќе прикаже најдобро и најинвентивно решение на бизнис проблемот за време од 6 часа. Ваквите студии на случај, со реални примери од фирми, се одличен начин средношколците да се поттикнат да ги изложат своите бизнис идеи и размислувања и да го презентираат својот потенцијал за претприемништво. Од оваа причина, ние ги здруживме 48 средношколци од 10 училишта да ги искористат своите вештини на иновативен начин, при што им овозможивме да ја развијат својата самодоверба и својата амбиција, користејќи го својот талент и знаење во деловен контекст.