Отворен нов Центар за кариера

 

Отворен нов Центар за кариера

во СОТУ „ Ѓорѓи Наумов“, Битола

            Во средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ на 29.11.2011г. свечено беше отворен Центар за кариера, донација од УСАИД, дел од петгодишниот проект „Младинска мрежа за стекнување на вештини за вработување“

            На отворањето присуствуваа Лиана Мар, директор  за образование на УСАИД, претседателката на Советот на општина Битола, Силвана Ангелевска,  претставници на проектот ЈЕС Мрежа, претставници на општина Битола, директори, наставници, претставници од бизнис-секторот, од невладини организации, од Агенцијата за вработување, родители, ученици.

            За време на образовниот процес потребно е учениците да стекнуваат неопходни вештини за вработување со кои ќе можат да учествуваат во модерната економија која рапидно се менува . Со цел да им помогнеме на младите луѓе да ги развиваат овие вештини и способности кои ги бара пазарот на трудот, нашето училиште се вклучи во  проектот на УСАИД „Младинска мрежа за стекнување на вештини за вработување – ЈЕС Мрежа, која претставува врска меѓу Агенцијата за вработување, училиштата и невладините организации. Како резултат на ова и благодарение на поддршката на Агенцијата за меѓународен развој – УСАИД, имавме можност да го отвориме  Центарот за кариера во нашето училиште, кој ќе им помогне на учениците да направат подобар избор во нивната идна професија и да се запознат со барањата на пазарот на трудот.

Во Кариерниот центар преку проектот се обезбедени нов мебел, компјутер, принтер, ТВ сет како и книги, постери, видео материјали.

            Основна улога на Центарот за кариера е да им обезбеди на учениците информации и услуги поврзани со продолжувањето на образованието, информации и услуги поврзани со пазарот на трудот на локално и национално ниво, вработувањето и самовработувањето, како и информации за можностите за стекнување на работно искуство уште додека се во училиште прекупракса во одредени компании. Услугите и информациите на Центрите за кариера може да ги користи секој ученик во училиштето, но и самите наставници кои овие информации и ресурси можат да ги користат во рамките на наставата како дел од наставната програма.

Учениците од Училиштето, заедно со нивните одговорни професори го промовираа Центарот за кариера со подготвена програма  на која презентираа дел од својот творечки концепт и активности кои беа поздравени со громогласен аплауз од публиката.

                                                                                               

професор Гордана Танеска